• Mon. Nov 25th, 2024

Учениците го промовираат дигиталниот маркетинг во готварството

Во СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, во рамки на програмата Еразмус+, се реализира проектот „Дигитален маркетинг и готварство“, кој опфати двонеделна мобилност на ученици од економско-правна трговска струка во Даблин, Р. Ирска и двонеделна мобилност на ученици од угостителско – туристичка струка во Јанина, Р.Грција. Резултатите беа сумирани на втората десиминација, што се одржа во хотел „Аполонија“, на која беа презентирани четири тематски целини. 
Првата се однесуваше на разликите меѓу традиционалните бизнис модели и бизнис моделот Лин Канвас, со посебен акцент на дигиталниот маркетинг што го промовира овој концепт. Врз основа на овој модел учениците од економската струка креираа е-бизнис план и маркетинг стратегија за три видови ресторани. Деветте полиња по кои се креираше е-бизнис планот и маркетинг стратегијата се: проблем на пазарот, сегментација на потрошувачи, уникатни вредносни пропозиции, решение, клучна матрица, комуникациски дистрибуциони канали, структура на трошоци, приходи и нелојална конкуренција. Воедно, учениците успешно изработија развојна стратегија на потрошувач и маркетинг стратегија преку изработка на веб страна за својот ресторан. Во овој дел на дисиминацијата беа вклучени учениците: Ружица Ѓоргиева, Ана Дучкова, Пепика Јаневска, Милена Стојанова, Драгана Мишкова, Анита Илиева, Катерина Митрева, Ѓорге Митров, Малина Павлова, Димитар Чучанов, Дијана Кованцалиева, Оливер Велков. Катерина Лазарова, Росица Ајцева,Урош Стамков,Ангелина Несторова, Слободанка Савиќ, Јована Трајковска, Христина Петковска, Филип Динов, Катерина Јованова и Марко Агбабиќ. Учениците беа под менторство на професорите Александра Митровска, Софија Тошева Раманчева, Јасмина Мицева и Горан Манев. 
Третиот дел од дисиминацијата опфати објаснување на тоа кои стратегиски трикови се применети во концептот на креирање листа на јадења и успешен угосителски бизнис.Во рамки на дисиминацијата беше презентирана и подготовката на сорбет.Во овој дел на дисиминацијата учествуваа учениците: Рафаил Сулев, Ана Марија Чавдарова, Јована Василева, Даниел Гошев, Стефани Стефановиќ, Филип Новоселски, Андреј Митев, Радмила Тодорова, Василка Ајцева, Васил Пешевски, Ристо Пешков, Магдалена Симиќ, Здравко Петров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *