Група ученици од машинската и текстилната струка со професори од СОУ „Никола Карев“ Струмица повторно на пат кон нови знаења и вештини.
Во периодот од 01-14.10.20123 г. тие ќе престојуваат во Лимасол, Кипар во реализација на мобилност во рамките на проектот од програмата Еразмус+ заедно со домаќинот на мобилноста ,,ШипКон”.
Примарно, групата посетува обуки во компаниите ,,Моноси” и ,,Грин Свит Пеперс”, но секако не се изоставени и прошетките до локалните знаменитости, како и попладнето на плажа.