• Sat. Nov 23rd, 2024

Учебникот по Социологија ќе се повлекува-прашањето за одговoрноста останува

чебници со дискриминаторски содржини, навреди за одредени етнички заедници, граматички грешки, употребени мали наместо големи букви, изменети историски настани или како во спорниот учебник од втора година гимназиско образованите каде меѓу другото се вели дека „жената што е затворена дома нема јавни улоги и нема можност да прави кривични дела“.

По бурните реакции од јавноста, од МОН најавија дека во планот на Педагошката служба за ревизија на учебниците е и „Социологијата“ за втора година средно образование и до почетокот на учебната 2020/2021 неговата содржина ќе биде соодветно измената.

„Забелешки за овој учебник неодамна беа доставени од Бирото за развој на образованието, по барање на МОН за проверка на содржината на учебниците со цел осовременување на истата, особено на оние кои се користат во гимназиското образование (бидејќи се одобрени во периодот од 2001 до 2006 година). За учебниците за кои добивме забелешки беше спроведен процес на корекција и повторно печатење во 2018 година, но меѓу нив не беше и учебникот кој денес е предмет на повеќе медиумски текстови, односно за истиот не беа доставени забелешки, наведува Министерството.

Според процедурата, Бирото за образование го изготвува годишниот план и програма, а педагошката служба на МОН распишува јавен оглас за прибирање на ракописи за учебници кои потоа се проследуваат до Националната комисија за учебници. Потоа се бараат рецензенти кои треба да ги изнесат забелешките од содржината.

Извори за НОВА, од Министерството велат дека имало случаи кога забелешките на рецензентот не се земале во предвид или се игнорирале и така учебниците биле пуштани на печатење. Дали и во овој случај било така треба да докажува МОН и службите кои се задолжени за тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *