Сончево и многу топло со мала локална облачност – вакво време, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нѐ очекува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а долж Повардарието ветерот повремено ќе засилува.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 22 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 30 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
За утре, пак, УХМР најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на целата територија на земјата. Невремето се очекува во попладневните и вечерните часови.