Следува период на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и во среда ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст, а во четврток ќе достигне до 37 стпени Целзиусови, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Како што велат, времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температура ќе биде во интервал од 9 до 33 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 7.
За недела е најавена температура во интервал од 10 до 34 степени, за понеделник од 10 до 35, вторник од 11 до 35, среда од 12 до 36, а за четврток од 13 до 37 степени Целзиусови.