Рано утрово Струмица, повторно ја кракотрајно невреме проследено со силни врнежи од дожд како и силни електрични празнења.Обилниот дожд повторно ја поплави најкритичната точка во градот, поточно улицата Младинска.
Поројска вода надојде но додека траеше дождот екипите на ЈКП Комуналец и противпожарната единица на Струмица беа на терен и за кратко време успеаа да ја нормализираат состојбата со одводните канализациони шахти.Надојдената вода по брзата интервенција на екипите се повлече.Граѓаните од долниот дел на градот иако беа спремни и сами да се справуваат со поројската вода сепак не претрпеа никакви штети.Последните информации од Центарот за управување со кризи и општинската служба ,, Систем 48,, се дека од страна на граѓаните но и правни објекти нема никакви пријави за настанати материјални штети.