Ракометарите на Макс Струмица утревечер против Нексе од Хрватска го завршуваат настапот од регионалната Сеха лига а играта и приходите од продажбата на билетите ќе ја посветат за рехабилитација на Кристијан Стоилов голман на Хоризонт Турново. Според управата на клубот, сите што имат земено билети за дуелот со Веспрем можат со истиот да го следат и дуелот со Нексе, оние пак кој немаат може да набават во спортската сала а парите ќе се донираат за лекување на Кико. Освен тоа во салата ке бидат поставени и кутии за донирање средства за што од клубот повикаа на хуманост од сите лубители на спортот
Што се однесува до дуелот од таборот на струмичките ,, рисови ,, најавуваат квалитетна игра достоинствен отпор на Нексе кој е во самиот врв на европскиот ракомет. Тренерот Трендафилов и капитенот Везенковски сметаат дека Нексе не е Веспрем и ке одат на изненадување и со поволен резултат да се заокружи лошиот настап во Сеха лигата. Дуелот Макс – Нексе е закажан во 18 часот. ДА БИДЕМЕ СОРТИСТИ И ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА КИКО