Македонската естрада утре ќе пее за Никола Новоселски. Во спортската сала „Парк“ ќе се одржи концертот на кој ќе настапат музички имиња од фолк и забавната естрада.
Концертот го организира Универзал продукција, а средствата се наменети за лекување на Никола Новоселски, кој треба да замине на третман со матични клетки во Русија.