Од утре, Струмица ќе биде домаќин на дводневниот Агро Саем Струмица 2019 во организација на здружението „Проагро фармери“.
Оттаму велат дека на саемот ќе бидат презентирани здрави и квалитетни производи, нови технологии и механизации за обработка на земјиштето, презентирање нови видови семиња, ѓубрива и заштитни средства, како и презентирање на можностите за развој на руралниот туризам во овој дел од Македонија. Истовремено, во рамки на саемската манифестација ќе бидат промовирани и културните белези преку изведба на традиционалните ора и песни.
Според најавите од организаторот, дводневната манифестација ќе започне попладнето во присуство на министерот за земјоделство, високи гости од ЕУ и УНДП, како и градоначалникот на Општина Струмица и над 100 други гости кои ќе проследат богата културно- уметничка програма.
Саемот и дел од проектот “Модерно и квалитетно производство кај градинарите во с.Банско, с.Муртино и с.Робово” кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија (ЕУ), спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а со свои средства учествуваат Општина Струмица и МЗШВ. #ЕУ #УНДП #ОпштинаСтрумица #МЗШВ