• Fri. Nov 22nd, 2024

Утре Комисијата за заразни болести ќе одлучува за евентуални мерки за заштита од делта сојот на коронавирусот

Утре Комисијата за заразни болести ќе одлучува за евентуални мерки за заштита од делта сојот на коронавирусот

Комисијата за заразни болести утре ќе треба да процени дали тестовите се вистинска мерка со која ќе може да се заштитиме од ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој веќе се рашири низ Европа, и дали има потреба од воведување нови мерки во однос на заштита на границите.

Во услови на стабилна ковид-состојба здравствените власти најавуваат дека до следниот петок ќе бидат вакцинирани половина милион граѓани, а утре ќе се разговара за евентуални нови мерки за заштита од ширењето на делта сојот на вирусот.

Комисијата за заразни болести утре ќе треба да процени дали тестовите се вистинска мерка со која ќе може да се заштитиме од ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој веќе се рашири низ Европа, и дали има потреба од воведување нови мерки во однос на заштита на границите.

Министерството за здравство, пак, сега е најмногу фокусирано на вакцинацијата, а министерот Венко Филипче најави и интензивирање на теренската вакцинација оваа недела со што ќе се вакцинираат жителите кои се хронично болни и помалку подвижни, а кои живеат во оддалечените места околу големите градови. Во однос на вакцинирањето на трудниците и доилките, ставот на Стручниот комитет е дека за нив треба да се преферира вакцината на „Фајзер“.

„Нема контраиндикација за ниту една вакцина, но се дава предност на ‘фајзеровата‘ вакцина“, вели Филипче.

Што се однесува до оние граѓани кои се вакцинирале во странство, а сакаат да се ревакцинираат во државата, тие можат да се пријават на веб-страницата https://vakcinacija.mk/revaccination, која ќе биде во функција до 10 јули.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *