Утре и задутре во делови на Гевгелија и околните населени места ќе има прекини во електроснабдувањето заради реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа. Утре, на 19 август 2020 година, без струја од 8 до 9.30 часот ќе бидат дел од корисниците на Гевгелија, и тоа, на улицата „Маршал Тито“, од ресторанот „Крим“ до кружниот тек на Моински пат, како и на улиците „Ванчо Прке„ и „Јосиф Јосифовски“,
Заради потребите на МЕПСО без напојување со електрична енергија на 20 август.2020, во четврток, од 04:30 до 08:00 часот ќе бидат корисниците :
-Индустриските објекти северно од булевар Гевгелија (Контихидропласт, Техноалат комерц – Пекара, Зора, стариот и новиот ладилник , Ригоимпекс винарија , Преферита, Паскалин , и други),
-Моин и Ново Конско и дел од индустриските корисници на излезот од Гевгелија кон село Моин, како и индустриската зона (Фарма Моин, Житко ,Јоријан и други)
-Неколку индустриски објекти после Мрзенци (Оранжерии Прдејци , Житопром, Ледра и други) и населеното место Мрзенци (без делот околу раскрсницата)
-Индустриските објекти после Вардарски рид (Мотел Вардар, Интербетон сепарација, Вори, Пекара Бекарт, Мансард, Бензинска пумпа на Макпетрол на стариот пат, Бензинска пуимпа.Шимов на влез на Гевгелија и други).