• Sat. Nov 23rd, 2024

Утре во Струмица стартува еко акција пред новогодишните празници

Од утре до 24 декември во Струмица ќе почне еко акција пред новогодишните празници, која се спроведува во соработка на локанлата власт и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“.

Градоначалникот, Коста Јаневски истакнува дека покрај редовната работа на кмуналните служби, четири пати во годината ќе реализираат и вакви еко акции.

-Целта ние машински и рачно да ја исчистиме секоја јавна површина во градот, секое маало, улица, тротоар, да ја отстраниме секоја дива депонија. Со оваа акција овозможуваме и граѓаните да си ги исчистат домовите и дворовите од  непотребниот отпад“, рече градоначалникот Коста Јаневски во денешната најава за спроведување на ЕКО акцијата.

Во еко акцијата ќе бидат вклучени повеќе институции, градежни фирми и граѓани, а ќе комуналните служби ќе работат на три реони и на чистење на локалните депонии, најави директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Горгиев.

-Во секој од трите реони два дена во неделата ќе се врши генерално рачно и машинско чистење на улиците. На 6 и на 10 декември од 7 до 16 часот ќе бидат опфатени населбите Чифлик и Карпош, како и чистење на дивата депонија на патот Струмица–населено место Баница. На 13 и 17 декември од 07 до 16 часот ќе се врши генерално чистење на реон 1 или каде што отпадот се собира понеделник и четврток, рече Горгиев.

Според него, на 20 и 24 декември од 07 до 16 часот ќе се врши генерално чистење на реон 2 или каде што отпадот се собира вторник и петок.

Покрај чистење на реоните ќе биде извршено и чистење на дивите депонии како што се на улица „Климент Охридски“, на излезот од Струмица кон комплексот Македонска Куќа, на патниот правец Струмица – Градско Балдовци и дивата депонија на улица „Антон Панов“, рече Горгиев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *