СВР Струмица информира дека утре ќе има посебен режим на сообраќајот на подрачјето на градот Струмица поради одржувањето на протестот против рудникот кај Иловица и Штука.
Од 10.00 до 14.00 часот затворени за сообраќај ќе бидат булеварот „Маршал Тито“, дел од булеварот „Ленинова“, помеѓу крстосниците од улицата „24-ти Октомври“ до улицата „Маршал Тито“ и дел од улицата „Моша Пијаде“ во правец од подземната гаража кон семафорите.
Сообраќајот во наведениот период ќе се пренасочува по споредните улици.