• Fri. Nov 22nd, 2024

Уставниот суд го поништи референдумот од Дојран

Уставниот суд го поништи рефрендумот во Дојран. Во вчерашниот број на Службен весник на Република Македонија број 117, стои одлуката на уставниот со која се поништува ланскиот рефрендум на којшто дојранчани гласаа против отворање на рудникот Казандол но и други рудници на територијата на општината.

Законитоста на рефрендумот за Казандол како точка пред пред уставен ја поставија поранешните градоначалници на Дојран и Валандово, Борче Стамов и Николче Чурлиновски, кои одбиваа даги потпишат решението за одржување рефрендуми во оппштините со коишто раководеа, тврдејќи дека немаат надлежност за такви одлуки.

Одлуката наиде на жестоки реакции кај активистите против отворање на рудници во Југоистокот коишто на социјалните мрежи го обвинуваат Уставен дека се приклучиле на планот за Геноцид на 400 000 граѓани.

Рефрендумот во Дојран беше еден од шесте рефрендуми коишто граѓаните ги иницираа во југоисточниот регион. Три од нив беа успешни и три неуспешни. Успешни беа во Гевгелија, Дојран и Богданци, а неуспешни во Валандово, Босилово и Ново Село, односно во овие три општини не излегоа доволен број граѓани да се изјаснат за или против отворање на рудници.

Неодамна Владата одлучи еднострано да се раскине договорот за концесија за експлоатација на рудникот Казандол, заради неисполнување на услови од договорот. Во моментов се разгледуваат и договорите за рудникот Иловица- Штука, но за нив се’ уште не се изјаснила Владата.

Сузана Мицева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *