Општина Гевгелија објави соопштение за упис на ученици во основните училишта со напомена дека основното образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години, трае девет години и се организира во три периоди.
Уписот е задолжителен за деца кои до крајот на декември 2019 година ќе наполнат 6 години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2013 година и за оние кои сакаат, за деца родени во текот на јануари 2014 година.
Уписот ќе се врши до 31 мај 2019 година во основните училишта во општината, со целосно почитување на реонизацијата на училиштата и живеалиштето на децата. При уписот, родителите се должни да достават извод од матичната книга на родените за детето, потврда за примените задолжителни вакцинации за детето, издадени од надлежна здравствена установа и потврда за извршен систематски преглед на забите, издадени од стоматолог.