Унгарија ќе пушти околу педесетина полицајци на границите на Северна Македонија со Србија и Грција за да се спречи илегален проток на мигранти.
Според информациите на унгарските власти 15 полицајци се предвидени за границата на Северна Македонија и Србија, а 30 на границата на Северна Македонија со Грција.
Полицајците ќе пристигнат со сопствени возила за да можат да патролираат и по локалните и регионални патишта, а не само по автопатот, а ќе имаат и опрема за ноќно набљудување и термални камери.
Унгарија ги испраќа полицајците поради зачестените илегални движења во овој дел од Балканот, но и како што наведуваат поради развиената мрежа на криумчари кои ги доведуваат во опасност животите на мигрантите.