• Sat. Nov 23rd, 2024

Укинатата царинска давачка за увоз на замрзнато свинско месо , но струмичките производители на свежо свинско стравуваат дека и цената на домашното месо ќе падне

На владина седница се усвои одлуката за времено укинување на увозната давачка-специфичната и царинската стапка по вредност за замрзнато свинско месо и други производи од свинско.Иако од министерството за земјоделство тврдат дека ќе поевтинување на свинските месни производи за 10 до 15 отсто или за околу 30 денари за килограм, сепак домашните производители на свежо свинско месо сметаат дека ќе се создаде конкуренција не со ист квалитет.

Томе Шонтевски производител на свинско месо од регионов смета дека сега со намалените давачќки при увоз на свинско змрзнато месо никој нема да може да го контролира неговото пласирање,бидејќи истото нема да заминува само во месните преработувачки капацитети , туку ќе се нуди и во малопродажбата.

Шонтевски стравува дека замрзнатото месо ќе биде кокурентно , но квалитетот кој ќе го добиваат граѓаните ќе биде далеку полош од оно кој тие го нудат.Од министерството за земјоделство тврдат дека , оваа одлука нема да ги наруши домашното производство на свежо свинско месо, бидејќи се работи за времена мерка, увозот на замрзнато свинско месо и други производи од свинско ќе биде строго контролиран и наменет исклучиво за потребите на месната индустрија како суровина.

Агенцијата за храна и ветеринарство и сега и во иднина ќе спроведува редовни контроли кај операторите што увезуваат замрзнато свинско месо и во малопродажба, се со цел да се обезбеди квалитетен производ за потрошувачите, и ова месо да се употребува исклучиво за неговата намена за месната преработувачка индустрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *