• Fri. Nov 22nd, 2024

УЕФА на стадионот Младост во Струмица за одигрување на мечот Македонија – Израел

Преставници на  УЕФА го посетија стадионот “Младост” во Струмица и извршија контрола на условите за осветлување кои треба да бидат исполнети  доколку  на овој стадион треба да се одиграт меѓународни фудбалски натпревари. Инспекцијата доаѓа бидејки за наредниот квалификации за СП во 2018 во Русија, ФФМ го предложи ,,Младост,, да биде домаќин на дел од натпреварите на македонската селекција. Станува збор за дуелот  Македонија – Израел  закажан во октомври . Освен со Израел,  Македонија во квалификациите за Светското првенство ќе игра и со Албанија, Италија, Лихтенштајн и Шпанија 

Од ФК ,,Беласица,, кој е концесионер на  стадионот „Младост“ информираа дека ,, инспекцијата,, поминала во најдобар ред и преставниците на УЕФА констатирале дека стадионот во Струмица  ги исполнува сите услови за наптревар од квалификациите за СП во фудбал 2018 та во Русија

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *