Филилошкиот факултет при Универзитетот ,,Гоце Делчев,, од Штип во интерес на заинтересираните граѓани од југоистокот, како што објави Канал ВИС од следната година воведува дисперзирани студии по англиски јазик и книжевност и италијански јазик и книжевност.
Од ова високообразовна установа во пресрет на стартот на дисперзираните студии организира интензивни летни курсеви од 50 часа по англиски италијански и германски кои ќе се спроведат од 11 ти до 29 јуни во СОУ ,, Јане Сандански,, Струмица.
Иако курсевите се отворени за сите оние посетители што ќе решат, одлучат и се запишат на дисперзираните студии по англиски и италијански на во Струмица, износот што ќе го платат за курсот ќе им биде одбиен од износот за партиципација за првата година.
Ова се прави со цел идните студенти по англиски и италијански во Струмица да имаат поголеми познавања од областа на соодветните странски јазици.
Како што потенцираа од Институтот за јазици при штипскиот универзитет, кандидатите од југоистокот може да се пријават до 5 јуни за ги дополнат своите знаења но и да ја искористат бенефицијата за делумно ослободување од партиципацијата за прва година
Заинтересираните може да се пријават на institutzajazici@ugd.edu.mk