• Fri. Nov 22nd, 2024

Убавата страна на Америка

Каков Њујорк, Лос Анџелес, Мајами или лудницата наречена Вегас. Најубавиот дел од Америка не го изградила човечка рака. Во дивината на северноамериканскиот континет постојат околу 50 национални паркови.

Yellowstone
yellowstone_grand_canyon_of_yellowstone
Еден од најдобрите описи за овој парк би бил ваков: Ако зборуваме за она што е прво и ги заслужува многу суперлативи – за првиот национален парк во светот, отворен за доброто на луѓето во далечната 1872 година, ако зборуваме за најпознатите и највисоките гејзери на светот, за наjголемото плaнинско езеро во Северна Америка – тогаш зборуваме за 900.000 хектари на Yellowstone.
Националниот парк Yellowstone во најголемиот дел се наоѓа во американската држава Вајоминг, но ги зафаќа и Монтана и Ајдахо. Тука е Old Faithful (гејзер) кој и не излегува така верен како што кружи во легендата, но сепак на секои 80 минути потполно ве воодушевува. Ерупцијата трае околу три минути и достигнува висина од 37 до 46 метри. Тука се Morning Glory и уште илјада други гејзери и термални извори. Но, движете се сигурно и полека – невниманието, некои од туристите ги чинеше живот. Имено, некои знаат да еруптираат и до 120 метри, но пред тоа мируваат со години.
Во близина е 32 километри долгото ждрело и неговите карпи со силна окер боја – по кои реката и паркот го добил името Yellowstone. Овде се и двата моќни водопади кои носат заедничко имe Grand Canyon, но тоа не е оној од Аризона.

Grand Canyon
index
На пописот на светските богатства сосема заслужено се наоѓа и Grand Canyon, длабок околу 1.600 метри и со парк со површина од 4.927 квадратни километри. На пописот на национални паркови се наоѓа од 1919, што најверојатно го спасило од изградба на брана која би ги уништила некои од соседните подрачја.
Оние похрабрите можат да уживаат во шетањето по новоконструираниот мост од плексиглас, а на западниот дел од кањонот авнатуристите имаат прилика со домородците од племето Хуалапаи да тргнат на 20-километарска тура.

Antelope Canyon
Antelope-Canyon.rend.tccom.966.544
Во близина на Пејџ, во Аризона, неколку стотина километри североисточно од Grand Canyon се наоѓа овој кањон полн со преубави пештери. Antelope Canyon е геолошка структура од многу теснеци, некаде од само неколку метри. Треба да се биде посебно внимателен, бидејќи ненадејните води усмртиле некои од безгрижните посетители.

Glacier Bay
GlacierBay3
Заедно со Kluane-Wrangell-St. Elias-Glacier Bay-Tatshenshini-Alsek, Kluane, Wrangell-St Elias и Tatshenshini-Alsek паркот во 1979. УНЕСКО го вброил Glacier Bay National Park and Preserve во листата на светски богатства. Пред се заради спектакуларните глечери и со мраз прекриени површини, но и заради популацијата на гризли мечките.
Додека уште има мраз кој постепено се топи, (а заборуваме за 9 величествени глечери и 4 ледници), штета е да не се погледне Glacier Bay. Научните екипи редовно кампуваат таму.
Ќе ги спомнеме и суптропската дивина Everglades, националниот парк на Флорида, убавината на пештерите во Mammoth во Кентаки, планинскиот венец Rocky Mountain, Great Sand Dunes во Колорадо, солените пустини во невадско-калифорниската Death Valley, класичните краеви од старите вестерн филмови во Arches Nacional Park во Јута…

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *