На 31.12.2023 во 03.15 часот на патниот правец Струмица – с.Просениково, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ј.М.(29) од с.Градошорци, струмичко, затоа што агресивно се однесувал и спречувал полициски службеници при извршување службени дејствија.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.