На 24.08.2020 во 20.00 часот во Полициската станица Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик, бил приведен бугарскиот државјанин Г.С.К.(45).
-На магистралниот пат во близина на с.Сушица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед на товарно возило „волво“, кое го управувал Г.С.К., при што пронашле и одзеле 2000 кутии цигари, информира МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.