СВЕТТурција најави копнена инвазија на Северен ИракОбјавено пред 7 часа – 18 јуни, 2020Од Макфакс
Владата на Турција го објави почетокот на операцијата „Тигрова канџа“, копнена инвазија на Северен Ирак за елиминација на членовите и сојузниците на Курдистанската работничка партија (ПКК), пренесува „Анадолија“.
Објавувањето уследи по понеделничкиот почеток на операцијата „Прелска каџа“, серија воздушни напади на ранливите делови на Северен Ирак во кои се верува дека се кријат припадниците на ПКК и нивните симпатизери.
„Операцијата ‘Тигрова канџа’ се спроведува како дел од нашите легитимни права за одбрана кои произлегуваат од меѓународното право ориентирано против ПКК и другите терористички елементи кои неодамна ги засилија вознемирувањето и нападите врз нашата полициска станица и базите “, се вели во соопштението на турското Министерството за одбрана.
ПКК е марксистичка терористичка организација означена од САД, која се обидува да формира независна курдска држава. ПКК се одговорни за неколку терористички напади во Турција изминатата деценија, најмногу насочени кон турските војници и полицијата.
Надвор од Турција, ПКК е активна во борбата против радикалните џихадисти во Ирак, особено против Исламска држава. Припадниците на религиозното малцинство Језиди ѝ дозволија ПКК да остане во Синџар со години откако членовите на групата се бореа против терористите на ИСИС, кои се обидоа да извршат геноцид врз Јазидите во 2014 година.
Ирачката влада, која има ограничен авторитет во областите контролирани од северната Курдистанска регионална влада (КРГ), изрази неодобрување за инвазијата на Турција. КРГ, која е противник на ПКК и се обидува да ги задржи пријателските врски со Турција, не ја коментираше операцијата, но нејзиниот министер за финансии неделава повика на подлабока економска соработка со Анкара.
Турските командоси влегле во регионот Хафтанин во Ирак, на границата со Турција, за да ги неутрализираат ПКК и другите терористички елементи. Турција го употребува зборот „неутрализира“ како нејасен показател дека некое лице е убиено, сериозно повредено или уапсено или на друг начин е оневозможено за напад.
Новинската агенција „Фират“, поврзана со ПКК, понуди неколку детали за нападот кој го нарече „црна операција“. Цивилните лидери на теренот во Хафтанин се вознемирени од ненадејниот напад и спречени да помогнат во обновата на заедниците кои претрпеле како резултат на продолженото постоење на калифатот на ИД во Ирак.
„Поради конфликтот ПКК-Турција има многу села каде не можеме да одиме, да ги озградиме и да ги прошириме услугите за нив“, рече градоначалникот на Батифа, Хафтанин, кого агенцијата „Рудоу“ го идентификуваше само како Абдулсатар.
Надија Мурад, добитник на Нобелова награда за мир и активист за Јазидите, неделава, пред да почнат воздушните напади, посочи дека Синџар штотуку ги поздравил над 150 језидски семејства кои се обидоа да го обноват градот.
„Кога ирачката влада и меѓународната заедница ќе применат одредена храброст и политичка волја за решавање на безбедносните предизвици во Синџар?“ праша таа.
Министерството за надворешни работи на Ирак во вторникот го повика турскиот амбасадор во земјата по двата последователни бомбашки напади. Притоа министерството му предало на амбасадорот писмо во кое се опишува осудата од ирачката влада за кршење на светоста и суверенитетот на Ирак и ирачкиот воздушен простор.
Во изјаvата на министерството се осудуваат нападите како „спротивни на меѓународните конвенции, релевантни правила на меѓународното право, пријателските односи и на принципи на добрососедство и заемно почитување“.
Ова е вторпат во два месеца Багдад да го повика турскиот амбасадор за кршење на суверенитетот на земјата со воздушни напади.
извор: makfaks