• Thu. Nov 21st, 2024

Турската заедница во Македонија не ги признава резултатите од пописот

Турската заедница во Македонија не ги признава резултатите од пописот

Направени се сериозни пропусти во просецот на попишување, прекршени се Уставот и бројни прописи, а многу граѓани не се попишани, истакнаа од Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Македонија, кое не ги признава и не ги прифаќа објавените бројки и проценти за Турците во пописот, оценувајќи ги истите како нерелани.

Посочуваат дека пред пописот укажале на несоодветната методологијата и  недостатоци во процесот, као и на технички проблеми со софтверот и неинформираност на населението, но и на недостаток на попиушувачи Турци, за што биле информирани надлежните институции во земјава и странство инволвирани во пописот.

Нашите барања беа занемарени и игнорирани. Ваквиот пристап на надлежните институции го засенија целокупниот пописен процес. Доколку беа земени предвид нашите барања и забелешки согласно Уставот и законите, првично од Државниот завод за статистика, ќе беа решени повеќе од горенаведените проблеми и пропусти. За жал овој Попис ќе се памети како занемарен од надлежните институции со многу неодговорени прашања и игнорирање на нашите барање. Од горенаведеното може да се заклучи дека се повредени правата на турскиот народ кој е еден од државнотворните народи на РСМ и еднаков со другите, велат од Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во земјава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *