Новогодишно –божиќниот турнир во мал фудбал што се одржува во Василево , влегува во самата завршница. Познати се екипите што ќе се борат за првите три места како во сениорска така и во младинска конкуренција.
Утре на програмата се четвртфиналните дуели по што ќе се познати четирите најдобри екипи и полуфиналните двојки за наградниот фонд од 200 илјади денари
Во 19 часот во салата во Василево, екипата Аграр компани ќе игра со Алу Пласт од Василево . Победникот од ова двојка во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот Гранит Стил – Дуо Травел, натпревар кој на програмата е во 21 часот.
За полуфиналето пласман ќе бараат и екипите на МН Компани и Трилинг кој се среќаваат во 20 часот а противник ќе им биде подобриот од дуелот Златно зрно – МСА Ежо фруит кој е закажан во 22 часот
Според организаторите станува збор за доста интересни четвртфинални двојки со екипи кои имаат доста квалитетни играчи. Интересен е фактот што утре ќе се знае дали најдобрите стрелци ќе одат понатаму или не. Станува збор за играчите на Гранит стил – Бојан Најденов кој е најефикасен досега но и Дарко Лазаров кој е во врвот по постигнати голови.