Амбасадорите на Србија, Душанка Дивјак Томиќ и на Јапонија, Кеико Ханеда. и заменик амбасадорот на Кина, Мао Кингвен денеска се запознаа со убавините на Струмица и регионот на средбата со вршителот на должност градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов.
На состанокот организиран како дел од соработката со здружението „Добредојде Македонија“ било презентирано културно-уметничкото богатство на регионот со цел запознавање со убавините на Македонија.
Почесниот претседател на Зружението „Добредојде Македонија“, амбасадорот на Република Србија во Македонија, Душанка Дивјак Томиќ, посочи дека го промовираат пријателството
Делегацијата на странските амбасади ги посети и локалитетите кои важат за белег на Струмица и околината и можност за привлекување голем број туристи.