Три нови случаи на КОВИД – 19 се регистрирани изминатите 24 часови во Струмица. Од Министерството за здравство информираат дека три нови случаи има и во Гевгелија и по еден во Валандово и Радовиш, со што бројот на новорегистрирани во Југоистокот е 8.
Во денешните статистики има и двајца оздравени пациенти од Струмица – 2 и по еден во Гевгелија и Радовиш.
Вкупниот број заболени во државата денеска е 121 од 1410 направени тестови.