• Sat. Nov 23rd, 2024

Тројца новозаболени, вкупно 70 во Македонија

Три новодијагностицирани лица на ковид-19, со што вкупниот број на заболени во земјава достигна 70.Информацијата ја сподели до јавноста министерот за здравство, Венко Филипче, на неговата денешна прес конференција.
Како што кажа тој, една од пациентите е баба на заболеното девоче од Штип, друга била во Србија и има еден од Скопје.Досега, според информации од министерот, градови во кои има заболени се: Скопје, Гостивар, Дебар, Штип и Охрид.
Министерот Филипче информираше дека здравствената состојба на пациентката на машина за дишење од ноќеска значително се влошила.Инаку, досега се направени вкупно 888 тестови и има уште 1.400 дополнителни и во најава е достава на уште 1.000 нови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *