Во силна конкуренција со стотици учесници од десетина европски држави на Меѓународниот натпревар по гитара во Ќустендил, Бугарија, младите гитаристи на основното музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица заедно со менторот Васко Пиличев се враќаат со една специјална и една втора награда.
Специјална награда освои триото Елена Георгиевска, Амелиа Николова и Ивана Георгиевска.
Велјан Дојчинов, пак, освои втора награда.
Годинава на натпреварот имаше учесници од Русија, Украина, Италија, Кипар, Грција, Србија, Северна Македонија и домаќинот, Бугарија.
Пиличев годинава беше дел и од стручното жири.