ринаесет годишно дете од струмичкото село Сарај е тешко повредено откако со мопед се забил во бетонски ѕид од куќа, вчера вечерта во Струмица.
По сообраќајката, тешко повреденото дете било однесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 20.50 часот, на улицата Цветан Димов во Струмица. Детето управувајќи мопед „вог“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид од куќа.