Општинската организација на СДСМ Струмица во среда, 1 ноември во 19:30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица организира Трибина: „Не чекај, превенирај! Заедничка борба за женско и машко здравје!“.
На трибината ќе зборуваат: д-р Маја Манолева – заменик министер за здравство, доц. д-р Венко Филипче – неврохирург, поранешен министер за здравство, проф. д-р. Сашо Дохчев – директор на Клиника за урологија, доц. д-р. Викторија Јовановска – директор на Клиника за гинекологија и акушерство и д-р Катерина Кузмановска – директор на ЈЗУ Општа Болница во Струмица.