Три лица се полесно повредени попладнево во сообраќајката што се случи кај раскрсницата кон Градашорци на патот Струмица – Радовиш. Сообраќајката се случи попладнево околу 18 часот при што едно возило беше превртено на коловозот, пишува порталот Дрнка.мк.
Веста ја потврди и портпаролот на струмичката полиција Александра Трајанова која соопшти дека во сообраќајката учествувачле три возила при што три лица се полесно повредени.
Полицијата изврши увид и ќе ги утврдува причините како се случи сообраќајката на раскрсницата кон населното место Градашорци.
Извор: Дрнка.мк