• Sat. Nov 23rd, 2024

Три деца со ретка болест Ахондроплазија, за првпат добија лек во Македонија

ByЃ. K.

Aug 22, 2023

За првпат е набавен лек за пациентите со ретка болест Ахондроплазија, соопшти министерот за здравство Фатмир Меџити. Лекот „Vosoritide“ е испорачан на Универзитетската клиника за детски болести и е обезбеден за три пациенти, како што било побарано од самата клиника.

– Со големо задоволство можам да информирам дека три храбри дечиња со ретка болест го добија потребниот лек кој ќе влијае на подобрување на нивниот квалитет на живот. Првпат со јавна набавка за обезбедување на лекови за ретки болести за 2023 година, набавен е лек за пациентите со ретка болест Ахондроплазија, објави Меџити на својот фејсбук-профил.

За набавка на лекот обезбедени се дополнителни 50 милиони денари во буџетот на Програмата за лекување на лица со ретки болести.

Лекот е клучен за третманот на болеста и влијае на поттикнување на развојот на пациентите со Ахондроплазија, болест која се манифестира со џуџест раст, веднаш по раѓањето. 

By Ѓ. K.