Светиот крст во осветените води на базенот „Аквариус„ во Струмица ,денеска го фати Трајче Серафимовски.Во водата скокнаа 15 граѓани, а среќникот беше Серафимовски.Трајче рече дека ова му било втор пат да скока по крстот и посака здравје и среќа на сите.Тој од Општина Струмица доби Плакета-православен крст и подароци од спонзорите.Празникот Водици денес беше одбележан во сите храмови во Струмица.