На сцената во Народниот театар – Гевгелија, се одржа „Фолклорен ѓердан“, традиционалната фолклорна манифестација, којашто ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија ја организира во рамки на седмоноевриската културно-уметничка програма. „Фолклорен ѓердан“ го отвори домаќинот, Ансамбл „Бојмија“, со изведба на неколку кореографии од своите поставки.
Пред многубројната публика, покрај домаќините, настапија и годинашните гостиб- Флоклорното студио „Блажевски“- Скопје, којшто, исто така, го промовираше македонскиот фолклор и КУД „Паја Зариќ“- Нови Карловци од збратимената Општина Инџија, Република Србија со изведба на кореографии од српскиот фолклор.
Гевгеличани уживаа во фолклорната вечер, во пресрет на празникот 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Гевгелија.