ТППЕ – Гевгелија и Општина Гевгелија упатуваат апел до граѓаните од општините Гевгелија, Богданци и Дојран за поголемо внимание од пожари во текот на грејната сезона која започна од 15 октомври. Се апелира до граѓаните за преземање соодветни мерки и активности:
– да ги одржуваат оџаците на зградите и куќите и димоводните уреди преку редовни прегледи и чистење од саѓи;
– пепелта од грејните тела да не се фрла во контејнерите за одлагање отпад, поставени на јавно-прометните површини;
– да се избегнува неправилно складирање на запаливи течности, гасови и цврсти запаливи материи;
– да се врши проверка на електричната инсталација, грејните тела, апаратите и уредите во домаќинствата и институциите. Како и да се избегнува преоптовареноста на електричните инсталации, премостување на осигурувачи и да се внимава на кратки споеви и електрично искрење;
– редовно да се контролира исправноста на хидрантите, да се одржуваат противпожарните апарати и врши примена на другите мерки за заштита од пожари во институциите, како: училишта, болница, градинки, спортски сали, индустриски и станбени објекти;
– да се одржува проодноста до станбените згради и проодноста на скалите за брза интервенција на ТППЕ – Гевгелија доколку има потреба.