• Fri. Nov 22nd, 2024

ТППЕ- Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“ се справуваат со пожарот на македонско-грчката граница

ТППЕ- Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“ се справуваат со пожарот на македонско-грчката граница

 Гори во пламен шумскиот појас на македонско-грчката граница.

Имено, во текот на попладневните часови, околу 13 часот, изби пожар во ридските предели крај автопатот на македонско-грчката граница. Пожарот е близу хотел „Фламинго“ и бензинската пумпа „Шимов“. Моментално, ТППЕ- Гевгелија со две возила и мобилизирани пожарникари, како и вработени од ЈПКД „Комуналец“ со едно возило и механизација се на терен и преземаат мерки за локализирање на истиот. Според информациите од ТППЕ- Гевгелија, пожарот зафаќа борова шума, а огнените јазици се шират кон грчката територија. Од страна на надлежните, се информирани и грчките пожарникари. Засега, не се познати причините за настанување на елементарната непогода.

            Општина Гевгелија и ТППЕ- Гевгелија ги потсетуваат граѓаните на одговорно однесување во услови на невообичаено високи температури кога и едно најмало невнимание може да предизвика огнена стихија со катастрофални последици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *