На 14.09.2023 во 08.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Ленинова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.Г.(49) од Струмица и патничко возило „тојота“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(39) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.В., констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.