Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие направени се 184 тестирања во рамките на скрингот во градинките и сите се негативни.
Од нив, 112 се направени преку лабораторијата на Институтот за јавно здравје, а опфатени се 106 лица од Битола и 6 лица од Велес, со што практично започнува и тестирањето на вработените во градинките во Велес. Преку лабораторијата на МАНУ тестирани се и 72 вработени во скопските градинки.
Согласно денешниот извештај на ИЈЗ, со скринигот на вработените во градинките кој започна пред три дена, досега е направенo 581 тестирањe, потврден е само еден позитивен позитивен случај на ковид-19, сите останати тестирани лица се негативни на вирусот.
Во Битола, за три дена се завршени тестирањата на сите 322 вработени во градинките, каде е регистриран и единствениот позитивен случај на ковид-19.
извор: Макфакс