Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов упати честитки за Теодор Цветков кој од водите на реката Вардар денеска го извади Светиот крст што се положи по повод големиот христијански празник Богојавление Водици.
Празникот Богојавление беше одбележан и со осветување на водите на реката Вардар.
Сарамандов им честиташе и на храбри момци кои денес учествуваа во традицијата за светиот крст насекаде во водите низ општина Гевгелија, а на сите граѓани им посака мир, здравје, љубов, пород и разбирање.