• Fri. Nov 22nd, 2024

„Телекабел“ информира дека по увидот на надлежните во опожарениот „Глобал“ граѓаните ќе добијат интернет

Голем број граѓани од синоќа се и без интернет конекција поради пожарот во трговскиот центар „Глобал“. Имено, во трговскиот се просториите на кабелскиот оператор „Телекабел“, па корисниците на нивните интернет услуги засега немаат интернет, затоа што за гасење на пожарот е изгасната целата електрична инсталација во објектот.

Од „Телекабел“ информираат дека по извршениот увид и дозволата за влез во објектот повторно ќе добијат интернет граѓаните. Се очекува проблемот да се реши за неколку часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *