• Sat. Nov 23rd, 2024

Тв Канал ВИС се враќа на малите екрани

Денес од 15 часот регионалната ТВ  КАНАЛ ВИС се врати на малите екрани. За еден месец откако настана пожар во згрдата каде што беше сместена телевизијата, гледачите немаа можност да ја следат програмата.

Веќе од денес целата програмска шема и продукција ќе продолжи да се емитува.

Тимот кој работи во телевизијата не престана да продуцира вести кои одеа на јутјуб каналот како и на социјалните мрежи.

 Во меѓувреме Канал Вис адаптира нов простор од каде ќе се продуцираат сите емисии кои новинарските екипи ги продуцираа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *