Талентираните Павел Ристов и Давид Љушев се нови членови на македонскиот второлигаш Кожув.
Ристов кој ја покрива позицијата игра за врска доаѓа во Гевгелија од тимот на Тетекс, а претходно има настапувано за Вардар и Македонија Ѓорче Петров.
Љушев пак е дефанзивец кој се снаоѓа како десен бек и стопер. Во досегашната кариера има играно за Работнички и Вардар.
Претходно Кожув ги потврди ангажманите на Антонио Столески и Даниел Иванов што значи „црвено-белите“ полека го формираат тимот за натпреварувачката 2023/2024.
Тимот од Гевгелија заврши на 9. позиција во минатата сезона.