И покрај настојувањата на општина Дојран, хидросистемот Ѓавото не го полни Дојранското Езеро. Градоначалникот Ангов бараше од министерството за животна средина и просторно планирање да го пушти хидросистемот, бидејќи е клучно да се пушта свежа вода во најтоплиот период.
Системот долг дваестина километри не функционира веќе втора година. Министерството го исклучи лани во март поради преголемите сметки за електрична енергија.
Нивото на Дојранското Езеро е на задоволително ниво, но поради жештините познавачите на состојбата на ДОјрна сметаат дека дотур на свежа вода ќе биде добар за растителниот и животнинскиот свет.
Прилог на Сузана Мицева