• Sun. Nov 24th, 2024

Судските работници сеуште ги чекаат ветените пари од незаконски задржаните пари за време на штрајкот во 2016 година.

Судските работници сеуште ги чекаат ветените пари од незаконски задржаните пари за време на штрајкот во 2016 година.Иако пред еден месец во официјално соопштение од министерството за правда беше информирано дека Министерството за правда обезбедило средства од Владата на Р.С.Македонија и соодветно да бидат префрлени на Судскиот буџетски совет кој потоа треба да ја реализира исплатата.Оваа и нформација за обезбедените средства ја потврдија и од здружението на судски работници.

Станува збор за околу 250 илјади евра што треба да бидат распоредени на судската администрација која беше казнета со 40 одсто од платите за два месеца, бидејки штрајкуваа пред три години. Тогаш бараа со измените на Законот за судска служба, како административци да бидат вклучени во пакетот за додатоци од плата, како што добија судиите.

Средствата во висина од околу 250 илјади евра се обезбедни, но се бараше правен начин како да им бидат исплатени на судската админситрација.Сега, иако од министерството за правда пред еден месец најдоа правно решение за исплата на парите судските работници сеуште немаат добиено до денес ниту денар , велат извори за ТВ Канал Вис.Тие се стравуваат дека ќе останат без денар оти пак од овој месец ќе настапи рокот на застарувања на нивните побарувања па нема да можат ниту по судски пат да си ги бараат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *