-Во ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ во Струмица се одржа струмичко-велешко поетско матине, на кое учествуваа осум поети од двата града. Замислено како дружење меѓу авторите и размена на стихови, средбата има за цел промоција на пишаниот збор пред граѓаните.
-Поезијата не познава граници и простори, но кога се чита во ваков интимен простор, меѓу книгите, мислам дека се доловува нејзината суштина многу поубаво. Струмица е расадник на поети, но Велес почнувајќи со големите имиња што ги даде во литературата, е темелот. Затоа симнуваме капа на сите великани. Импонира што денес во Велес постојат луѓе кои творат и создаваат со пишаниот збор, рече проф.д-р Ана Витанова Рингачева.
Директорката на библиотеката, Тања Гошева, вели дека Струмица дава автори во сите области од литературата.
-Работејќи во роднокрајното одделение во струмичката библиотека, морам да кажам дека имаме автори кои достигнуваат врвни успеси во поезијата. За нас е особена чест што сме домаќини на оваа средба, рече Гошева.
На поетската вечер учествуваа поетите Лила Арсова, Јзасмина Ѓеоргиева, Гордана Николовска и сатиричарот Атанас Крлевски од Велес, а од струмичките поети свои творби прочитаа Ѓорги Кајалџиев, Никола Сарајлија, Сузана Мицева и Ице Беличев.