• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмичко Банско годинава нема да го слави празникот Свети четириесет поради коронавирусот

Жителите на струмичко Банско годинава нема да го празнуваат Свети четириесет маченици – Младенци. Овој празник е традиција во населеното место и е во чест на името на истоимената селска црква. Но, имајќи ги предвид препораките на Владата и генерално ситуацијата со коронавирусот, жителите одлучиле дека најдобро е да се прескокнат собирите во селото, но и поединечно во куќите. 

Жители на Банско за канал ВИС велат дека се свесни за сериозноста на ситуацијата и не сакаат да се доведат во опасност ниту себе, ниту своите блиски, пријатели и соселани. На овој празник обично доаѓаат голем број гости од различни краеви, а има и голема посета на црквата. Токму затоа заедничка одлука е славјето да се остави за подобри денови, а сега да се остане дома, како што се насоките од медицинските лица и надлежните институции.

 Младенци — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера. Младенци ги слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година. Се верува дека „Какво е времето денес, такво ќе биде цела пролет“. Младенци секогаш паѓа во периодот на Великиот пост. Во Македонија најпознат е обичајот Четр’се од Штип кој е прогласен за значајно културно наследство во Македонија и дел од нематеријални добра на репрезентативната листа на заштитени добра на човештвото на УНЕСКО.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *