Димитар Бајрактаров и Иван Мастев ќе бидат дел од македонската математичка олимпијада што идниот месец ке се одржи во Скопје. Двајцата ученици од трета година, природноматечката струка од Јане Сандански, на државното првенство ги освоија првото и третото место со што се изборија за уште еден степен на натпреварување. За Димитар кој сонува да студира во Бостон Америка задачите на државното првенство биле лесни и ги решил за неполн час иако останатите останале да ги решаваат уште два часа.
Бајрактаров и Мастев не се единствените најдобри математичари од Струмица. На 59 државното првенство се истакнале и други ученици од ова училиште со што докажале дека струмичката гимназија ги продуцира најдобрите по математика во земјава. Се истакнале Димитар Звонимир Митев од прва, Сара Карачанакова од втора и Атанас Крстев од трета година
Македонската математичка олимпијада е филтер кои деца од Македонија ќе заминат на светското првенство за најдобри математичари, за каде Бајрактаров сонува за да ги поклаже своите познавања од областа на алгебрата и геометријата