Ретко кој очекуваше и се надеваше, но ракометарите на Струмица убедливо ги надиграа вардаровите младинци со 34:26 во рамките на второто коло од младинската лига на Македонија Во спортската сала Парк, струмичките надежи им одржаа ракометна лекција на вардаровите пулени кои се сметаа фаворити и за нови три бода. Но на терен, целосна доминација на РК Струмица во големото дерби со Вардар Јуниор, двете непоразени екипи од првото воведно коло.
Цврстата одбрана и сигурниот напад беа главното оружје на избраниците на Иванчо Ончев кој им кои во ниту еден момент не потклекнаа на клупското име и рејтинг односно на вардаровите деца предводени од тренерот Пепи Манасков
Со ова втора победа Струмица е на лидерската позиција а следното коло Струмица му гостува на Металург во Скопје за да потоа ги пречека младите на Борец од Велес