После четири години поминати во училишните клупи, струмичките матуранти деновиве масовно се подготвуваат за матурската прослава. Сите сакаат да изгледаат спектакуларно, а на матурската вечер да блеснат во најновите модели и специјални креации. Купуваат и шијат фустани и костуми, а девојките веќе имаат закажано и термин за шминка и фризура.
И модните салони деновиве беа со полни раце работа. По нарачка се шијат или набавуваат најновите модели на свечени фустани за девојките и елегантни костуми за момчињата.
Матурските прослави во Струмица започнуваат од четврток. 19 мај е резервиран за матурантите од СОУ „ Димитар Влахов“, 20 мај за струмичките гимназијалци, а 21 мај за матурантите од средното техничко училиште.